Вести Македонија Топ вести

Ковачевски ги брани новите државни „јасли“ и плата за несудената конзулка: Шовинизам на опозицијата кон жените

Премиерот Димитар Ковачевски денеска на новинарско прашање за новото вработување на Бесмира Ејупи рече дека е шовинизам кон жени на опозицијата која го критикуваше нејзиното ново вработување во државно, односно во МНР.

Бесмира Ејупи е несудената козулка во Њујорк која претходно истовремено работела во 5 различни државни институции за вкупна плата во вредност од околу 12 илјади евра, нето приход, даден од буџетот на државата и 4 општини, од пари на граѓаните. За тоа се водат повеќе постапки, а за нејзиното работење во државното обвинителство (заедно со уште неколку лица), антикорупциската комисија подготви иницијатива за кривичен прогон и ја достави до обвинителството.

Додека траат истрагите во обвинителството, министерот за надворешни работи Бујар Османи ја вработи во МНР како правен советник, а претходно беше повлечено нејзиното назначување за генерален конзул во Њујорк, САД.

Опозицијата го критикуваше овој потег, по што реагираше и премиерот по новинарско прашање.

-На тоа прашање, јас гледам во континуитет и не ми се допаѓа една висока доза на шовинизам од страна на опозицијата. Особено насочено кон жените. Тоа во континуитет се случува и не е добро. И вие искористивте еден израз „некој се вдомил некаде“, но ова јас го сметам за чисто административно прашање во рамките на МНР за што повеќе детали може да Ви даде министерот за надворешни работи. Но проверувајќи, а и Вие може да проверите, дека за личноста за која прашувате-јас двапати сум прашуван за истата личност. Прво беше дали е конзул, се испостави дека не е, така и кажав. Меѓутоа таа била вработена во општина која подолг период е водена од градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ. Така да треба да се провери дали е тоа вистина за да се види кои се мотивите за такви напади, одговори претседателот на владата Димитар Ковачевски.

Премиерот не се осврна на постапките кои се водат за вработувањата на Ејупи на државно или на  општинско ниво.

ДКСК откри дека иако вработувањата биле хонорарни таа била задолжена да доаѓа во институциите на работно место, но тоа е просто неостварливо бидејќи имала повеќе такви вработувања, а физиката која е природна егзактна наука досега не успела ист човек да смести на две различни локации. Поради тоа, ДКСК го предаде предметот во обвинителство за да ги истражи нејзините работодавачи.

Ејупи била вработена во Државното правобранителство, општините Сарај, Чаир, Брвеница кои се во рацете на актуелната владечка коалиција како и во Петровец (градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ).

Во меѓувреме и на денешната седница на ДКСК се расправаше за Бесмира Ејупи.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Влегол со автомат во казино во Лешок, го репетирал и одзел над 5.000 евра – притвор за 28-годишен жител на Непроштено

Дејан Дејан

Со исправа со невистинита содржина, станала директорка на детска градинка – кривична пријава против 44-годишна велешанка

Дејан Дејан

Зголемувањето на цената на полисите за автомобилско осигурување е неоправдано – реакција на АСО

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе