Вести Македонија Топ вести

Калајџиев за Телма: Оставката на Муареми е неочекувана во момент кога Републичкиот обвинител шутнал пенал во негова полза

– Оставката на Арафат Муареми е малку неочекувана, во момент кога тој шутира пенал, односно е шутнат пенал во негова полза, односно Републичкиот обвинител шутнал пенал во негова полза, со тоа што обвинителите ги ставил на обвинителна клупа, неговата позиција страшно се подобрува, малку е неочекувано што во таков случај тој поднесува оставка, вели професорот Гордан Калајџиев.

Според него тоа значи дека веројатно е договорено да се тргнат и едните и другите бидејќи како што додава обвинителките во конкретниот случај „го обрале бостанот“.

– Ако обвинителот пак сакал, не знаеме како, мислам дека и оваа постапка ќе се забошоти, против Арафат, ако обвинителот е сериозен, Републичкиот, дека во таа постапка се направени сериозни пропусти и злоупотреби тоа се вика злоупотреба на постапките, тогаш тој треба таа постапка да ја сопре. Ако тој мисли дека постапката е злонамерно поведена и погрешно водена и на штета на јавните интереси како што е сега утврдено со тоа што повел дисциплински постапки тогаш доследно би требало таа постапка да се запреа, додава Калајџиев.

Професорот додава дека тоа би не довело до исход кој што најмалку го посакувавме и кој што и тој го претпочитал, но со идеја иако изгледа слично да се тргнат обвинителите за да се заврши таа постапка, а не постапките против обвинителките.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Со лажни дијаманти измамил српски државјанин и му зел пари

Дејан Дејан

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 27.04.2024

Дејан Дејан

Пендаровски: Истите луѓе кои упаднаа во Собрание, сега бараат власт, нивната кандидатка за претседател најавува нивна амнестија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе