Вести Економија Топ вести

Кафеаните луксуз за граѓаните – 4 отсто поскапи цени на услугите за само еден месец

Ручек, вечера или прослава во кафеана или ресторан е на добар пат да стане луксуз за граѓаните бидејќи бранот поскапувања не ги одмина угостителските објекти, каде само цените на храната во просек се покачени за 11,5 отсто споредено со истиот период лани, а само за еден месец, односно од јуни до крајнот на јули. има кумулативно поскапување од 4,2 отсто.

Според официјалните податоци на ДЗС, поскапувања има во секоја категорија – храна, алкохолни и безалкохолни пијалоци и ноќевања.

За само еден месец, најмногу се поскапени печените меса и јадењата по порачка – 11,4 отсто како и варивата.

Ако се споредат цените во јули оваа година и јули минатата година поскапувањето изнесува дури 15,9 отсто. Цената на храната во угостителскиот сектор во просек е поскапа за 21,7 отсто а најголем скок на цените има кај печеното месо – 27,2 отсто потоа кај салатите – 25,8 отсто и кај слатките 31,8 отсто. Алкохолните пијалоци исто така бележат поскапување од 7 отсто додека безалкохолните се поскапи за 8,7 отсто.

А граѓаните секојднено се соочуваат со нови поскапувања и повисоки цени на неопходните продукти и во маркетите и помалите продавници. Така од завчера лебот достигна рекодна цена па ржаниот леб се продава за 93 денари, интегралниот од 84, а белиот на парчиња од 56 денари. Цените се нешто пониски во поголемите маркети, но речиси нигде веќе не може да се најде леб под 50 денари.  За една година, за одредени типови на леб, цената скокна за 100 отсто. Од мелничко-пекарската индустрија поскапувањето на цените го оправдуваат со поскапувањето на енергенсите и бараат државата да им ги субвенционира компаниите со цените на електричната енергија.

Минатиот месец, поскапе и струјата а се воведоа и тафирните блокови од кои зависи дали и колку ќе изнесува сумата која што на крајот од месецот граќаните ќе треба да ја одвојат од семејниот буџет за да ги подмират обврските кон ЕВН.

Од минатата недела, скопјани ќе плаќаат повисоки сметки на парно греење по одлуката на регулаторна за зголемување на цената за 14,18 отсто.

Поскапувањата продолуваат со несмалено темпо а од Владата останаа на најавата за нов пакет антикризни мерки без да прецизираат кои, за кого и од кога ќе стапат на сила.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Пикасо можеби јас“ изложба на македонскиот керамичар Филип Фидановски во Загреб

Дејан Дејан

Посветена работа на заедничкиот регионален пазар согласни шефовите на шесте балкански земји

Дејан Дејан

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност, кон крајот на денот локална нестабилност – Временска прогноза за 18.5.2024

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе