Вести Економија Најважни

Колективен отказ на вработените во Градски енергетски системи

Претпријатието Градски енергетски системи остана без вработени. Сите си дале отказ, затоа што три месеци не зеле плата и останале без здравствено осигурување. Директорот на ГЕС , Трпчевски за Телма вели дека залудни биле сите обиди да стапат во контакт со градската управа, за да се бара решение за ГЕС. Тврди дека до сега имале само една средба со градоначалничката Арсовска, во ноември лани кога ја презела функцијата. Тогаш им биле побарано само извешај за работата на ГЕС, и од тогаш иако побарале, нова средба немало. Вели дека судбината на претријатието е неизвесна, поради незаинтересираноста на Градот, под чија капа е ова претпијатие.

Се обративме до градската управа,  но никаков одговор од таму нема, иако Градот Скопје е сопственик  на ова претпијатие.  Сите вработени си замиаа. Последните се одјавени со 31,07. Три месеци  немаа земено плата и во сред ковид останаа без здравствено осигурување. И покрај сите напорои во буџетот на Градот за 2022 да се предвидат пари за ГЕС,  тоа не се случи.  Не се планирани ниту средства  со ребаласнот на буџетот кој беше напревен пред скоро време. Затоа е неизвесно дали и како овие луѓе  би ги добиле парите и што ќе се случува со ГЕС. При крајот на минатиот месец требаше да се одржи и седница  за да се разговара за состојбата,  но  не се одржа но и нема најава кога би се одржало собраниеот на акционери, вели за Телма, Гоце Трпчевски, директор на ГЕС.

Трпевски вели дека откако БЕГ останал без лиценците за работа, а државата ќе објави повик за преземање на мрежата, тие како претпијатие иако имаат можност да се јават на повикот, од градската управа не добиле никакви  известување за тоа.

За целата состојба со ГЕС, Телма се обиде, но не успеа да воспостави контакт со градската управа.

Претпријатието ГЕС беше формирано во времето на претходниот градоначалник Шилегов, за да ја преземе топловодната мрежа во градот. Лиценца за тоа од РКЕ не доби, по што одлуката беше оспорена пред Управен суд.

Кога БЕГ остана без трите лиценци, државата преземањето на парното греење го понуди на Градот, но градоначачничката Арсовска тогаш се изјасни дека тие немаат капацитет да ја преземат работата на Балкан Енерџи. Сега државата на јавен повик ќе бара нова фирма која ќе ги грее скопјани од октомври.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Русија распиша потерница по Володимир Зеленски

Дејан Дејан

Власта и опозицијата со пораки за продолжување на аманетот на Гоце Делчев и за гласање на парламентарните избори, на 121- годишнина од смртта на револуционерот

Дејан Дејан

Напаѓачи заедно со полицаец грабнале, тепале и уценувале скопјанец

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе