Вести Економија Топ вести

Продолжува судската голгота за текстилната работничка која беше отпуштена затоа што користела ковид мерки

Предметот за првата кривична пресуда  во текстилната индустрија наместо да стане  пракса е пораз на македонското судството, порача на денешната прес-конференција Кристина Ампева од Гласен Текстилец. Голготата на текстилна работничка од Делчево продолжува, бидејќи предметот за кршење на Законот за работни односи и фалсификување потпис во делчевска текстилна фабрика, штипска Апелација го врати на повторно судење. Ампева појаснува дека Основниот суд во Делчево во март годинва  констатираше дека управителката на текстилната компанија не го почитувала Законот бидејќи работничката добила отказ од деловни причини, но не и отпремнина, а во име на правното лице директорката направила и лажен договор за вработување.

Ампева појаснува дека работничката користела мерки во време на корона пандемијата. За тоа има и писмен доказ. Работничката за време на корона мерките ги чувала своите деца, но како што вели Ампева  без нејзино знаење била префрлена од една  во друга текстилна компанија, па  од неопределено без нејзин потпис се трансферирал во определено, по што останала без работа. Ампева од Гласен Текстилец смета и дека ваквите пресуди, високите судски трошоци ги демотивираат работници да ја бараат правда на суд, па најчесто се одлучуваат да заминат од државата.

Викторија Димитрова Јованова 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

 „ Парови “ во Драмски театар, за љубовта како жртва на проекциите на луѓето за себе си

Дејан Дејан

Израел одговара пред Меѓународниот суд на правдата за геноцид- Јужна Африка бара судот да нареди прекин на огнот во Газа

Дејан Дејан

Француската полиција застрела маж кој се обидувал да запали синагога во Руен

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе