Шкупи беше на чекор до сензација и елиминација на фаворизираниот противник, но за жал не успеа да го совлада загрепски Динамо, кој не ја воодушеви скопската публика со својата игра, а првакот на Македонија беше рамноправен противник во текот на целиот меч и пласманот во следната рунда го реши само еден погодок.
“Кога ќе се одиграа два натпревари на такво ниво со една екипа како Динамо Загреб тогаш мислам дека треба да сме задоволни. Мислам дека бевме рамноправен противник, но Динамо е таква екипа која знае да ги искористи своите пет минути. Ги предупредив на полувремето фудбалерите дека ќе тргнат агресивно на почетокот од вториот дел, но тоа е фудбалот. Искрено верувам дека ќе беше поинаку ако Цефас го дадеше голот по онаа шанса во првиот дел. Факт е дека мора да се искористуваат шансите. Горд сум на момците, треба да се потсетиме дека игравме против екипа со голем број на играчи, затоа мислам дека беше ова наше светло издание. Динамо победи на искуство и му посакувам успех во продолжението во Лигата на шампионите, а ние продолжуваме по нашиот европски пат. Имаме нова цел пред нас, не чекаат нови четири европски средби на кои сакаме уште подобри игри”, изјави тренерот на Шкупи, Гоце Седлоски.
ФОТО: Игор Паневски
