Спорт Фудбал

Шеји: Го почитуваме противникот, но со поддршка од трибините да стигнеме до успех

Првакот на Македонија, Шкупи е на чекор да направи големо изненадување во квалификациите од Лигата на шампионите.

По нерешениот резултат 2:2 во Загреб, Шкупи утре го пречекува Динамо и верува дека може да го елиминира фаворизираниот противник.

“Сите добро знаат дека максимално го почитуваме противникот. Јасно е дека не чека тежок натпревар но ние сме подготвени да го дадеме максимумот и зошто да не очекуваме и чудо во Скопје. Посакуваме и силна поддршка од трибините затоа што ќе ни биде потребна, а ние ќе се обидеме сите навивачи да ги израдуваме со уште еден успех”, изјави Блертон Шеји.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ѓоковиќ со поддршка за Ѓорческа: Македонија испишува историја на Вимблдон

Sportska Redakcija

Ѓорческа против ланската финалистка Анисимова во првото коло на Вимблдон

Sasko Dimovski

Историја за македонскиот тенис: Лина Ѓорческа ќе игра на Вимблдон

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе