По нерешениот резултат пред седум дена во Загреб, Динамо кој важеше за фаворит во дуелот со Шкупи во Скопје доаѓа да го поправи впечатокот од првиот меч и да се спаси од евентуална елиминација.
Тренерот на гостите Анте Чачиќ е убеден дека неговиот тим во реваншот ќе одигра далеку подобар натпревар и дека со победа ќе го оправда фаворитскиот статус.
“Го чекаме реваншот, дуел кој ќе покаже кој оди понатаму во походот за Лигата на шампионите. Како тренер на гостинскиот тим ја прифаќам улогата на фаворит, мислам дека Динамо со почит кон домашниот тим е подобриот тим. Ќе направиме се за да бидеме подобри од првиот натпревар, знаеме дека Шкупи ќе направи се за да не изненади. поред фудбалски параметри, имавме повеќе игра и подобри шанси на првиот натпревар, ако реализиравме, резултатот ќе беше поинаков. Гостите ги искористија нашите две грешки, дојдоа до резултат кој им дава надеж. Имаме квалитетен состав, повеќе искуство во Европа. Дојдовме овде со вжештени глави и чисти срца, сакаме да го направиме она што се очекува од нас”, изјави тренерот на хрватскиот шампион.
ФОТО: Игор Паневски
