Вести Економија

За еден месец на заедничкиот граничен премин Табановце-Прешево поминале 133.000 патнички возила

Како дел од концептот Отворен Балкан веќе еден месец граничниот премин Табановце – Прешево , на македонско- српската граница функционира како заеднички граничен пункт меѓу двете соседни земји што го поминале 133 илјади патнички возила. Реконструираниот премин функционира со 5 ленти. По две за патнички и товарни возила, а една за автобуси. Денеска овој граничен премин го посетија делегации предводени од нашиот и српскиот министер за транспорт и од ЕУ.

Со реконструкцијата на овој граничен премин и воведувањето на овој концепт на работа , намалено е времето на чекање, царински и гранични контроли. Намалени се сите процедури  и поедноставени, а поминувањето на границата е забрзано. Имајќи ја предвид инфраструктурната поставеност , Царинската управата во следниот период ќе работи на овозможување на уште 2 нови ленти за уште побрз проток на патниците и на сите други услуги, изјави министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.

На новинарско прашање дека возачите на камиони се жалат дека долго чекаат за премин, од Царинската управа кажаа дека дневно поминуваат 700 до 800 камиони и дека се бараат алтернативни решенија за уште побрз проток.

Тие секако ќе треба да почекаат, ако не тука, ќе се чека на терминалите. Огромен проток имаме и разгледуваме алтернативни можности за превоз на стоки веќе, вели директорката на Царина Славица Кутиров.

И на Србија и на Македонија целта им е да бидат дел од ЕУ, но интерграцијата во неа значи пред сѐ интеграција со соседите, кажа српскиот министер за транспорт.

Ако ние не направиме вакви граници и ако не направиме едноставни административни процедури ќе ја осудиме нашата економија на стагнација . Ќе ги осудиме нашите работници на ниски плати и многу тешко ќе го достигнеме европското ниво. А, тоа е наша примарна цел, вели српскиот министер Томислав Момировиќ.

Според Матеј Закоњшек од Секретаријатот на Транспортната заедница на ЕУ, овој интегриран граничен премин е најдобар начин за намалување на чекањето и искористување на капацитетите за подобрување на економиите на двете земји.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ТЕЛМА СТОРИЈА: Битка за Куклица – Кој ја контролира „веселата свадба“

Дејан Дејан

Без нови првачиња и шестоодделенци во ООУ „Гоце Делчев“ во Штип, училиштето постепено ќе се затвора

Дејан Дејан

Сончево и топло – Временска прогноза за 21.6.2026

meteo

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе