Спорт Фудбал

Флик, Саутгејт и Дешамп со најголеми плати

Во пресрет на Светското првенство во фудбал објавена е листата на најдобро платени селектори на националните тимови.

Прв на листата на предводници на репрезентациите е Ханс Дитер Флик од Германија чија годишна плата изнесува шест и пол милиони евра.

Седумстотини илјади помалку инкасира селекторот на Англија, Герет Саутгејт, а трет со заработка од 3,8 милиони е Французинот, Дидие Дешамп.

Веднаш зад водечката тројка со плата од три милиони и шестотини илјади е Тите од Бразил, а меѓу петте е уште и Луј ван Гал од Холандија со сума од 2,9 милиони евра колку што има и Мексиканецот, Херардо Мартино.

Од селекторите на 32 репрезентации учесници на Светскиот куп, 18 имаат седум цифрени примања, а меѓу оние кои имаат најмали плати се тројца кои се на чело на селекции од Африка.

Најмала плата од 130.000 евра има Тунижанецот, Џалел Кадри, претпоследен е Алиу Сисе од Сенегал со 310.000 илјади, а триесет илјади повеќе заработува Ригоберт Сонг од Камерун.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ѓоковиќ со поддршка за Ѓорческа: Македонија испишува историја на Вимблдон

Sportska Redakcija

Ѓорческа против ланската финалистка Анисимова во првото коло на Вимблдон

Sasko Dimovski

Историја за македонскиот тенис: Лина Ѓорческа ќе игра на Вимблдон

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе