Женската тениска репрезентација на Македонија беше на чекор до пласман во третата група од Били Џин Кинг купот.
Во финалето во неизвесна борба за жал не успеаа да забележат победа иако со својот настап пред домашната публика покажаа дека имаат квалитет да се соочат и со најдобрите селекции на светот.
Лина Ѓорческа и Магдалена Стоилковска во изминативе шест дена на терените на ТК Југ играа одлично и малку недостасуваше извонредниот настап да го крунисаат со уште една голема победа.
Скопската публика им даде огромна поддршка и уште се потврди дека престолнината заслужува како и останатите градови во Македонија и во иднина да се одржуваат квалитетни турнири.
ФОТО: Игор Паневски















