Македонската женска тениска репрезентација е на чекор до пласман во повисок ранг од Били Џин Кинг купот.
Селекцијата на Македонија денеска на терените на ТК Југ во Градскиот парк во Скопје за пласман во втората група од натпреварувањето ќе се соочат со селекцијата на Португалија.
Противнички на Лина Ѓорчевска и Магдалена Стоилковска ќе им бидат сестрите Матилде и Франциска Жорге.
Франциска Жорге во моментов е на 377-то место на ВТА листата во поединечна и 249 во конкуренција на игра на двојки. Помладата, Матилде во пресрет на дуелот со Македонија е рангирана како 674-та тенисерка на светот во сингл, а 268. во дубл.
Нашата најдобра тенисерка Ѓорчевска во моментов има најдобар пласман од сите тенисерки на турнирот во Скопје и таа оваа недела во поединечна конкуренција е на 273-тото место додека во двојки се наоѓа на 223 позиција.
Стоилковска во пресрет на финалето е рангирана како 1357 на светот, а во двојки се наоѓа на 1600 позиција.
ФОТО: Игор Паневски

