Македонската женска тениска репрезентација е на чекор до пласман во втората по квалитет група од Били Џин Кинг купот.
По денешниот триумф над Косово, Македонија во утрешното финале за освојување на првата позиција на турнирот ќе се соочи со Португалија која денеска со 2:1 ја совлада Република Ирска.
Клучниот поен за Португалките го освоија Франциска и Матилде Жорге кои во игра на двојки за само 48 минути со 6:0 и 6:0 триумфираа над Кејт Гардинер и Шона Хефернан.
По првиот дуел Република Ирска поведе со 1:0 откако во меч што траеше 3 часа и шест минути, Карах Кортни со 6:3, 4:6 и 7:6 ја совлада Матилде Жорге, а потоа Португалките израмнија по триумфот Франциска Жорге со 6:1 и 6:0 во соочувањето со Селин Симунји.
Финалето меѓу селекциите на Македонија и Португалија ќе се одигра утре на централниот терен на ТК Југ во Градскиот парк, а почетокот е закажан за 10 часот.
ФОТО: Игор Паневски
