Вести Македонија Топ вести

Од утре блокади низ цела држава против францускиот предлог

Блокади низ целата држава од утре со почетокот во 13 часот, беа најавени вечерва од протестот пред Собранието со кој веќе шести ден се бара отфрлање на францускиот предлог за кревање на бугарското вето и деблокада на македонските евроинтеграции.

Утре продолжуваме со блокади низ Македонија. На 4 места, во Скопје пред владата, како и блокирање на магистралните патишта Штип-Велес, Струмица-Радовиш и Плетвар-Прилеп. Повикуваме на масовност да кажеме НЕ на ултиматумот за бугаризација на Македонија, НЕ за бруталноста и полициските местенки, ДА за иднината на Македонија. Сабота во знак на почит на сограѓаните муслимани кои чествуваат празник нема да има протести, соопштија организаторите.

На протестот, кој помина мирно и без инциденти, беа побарани оставки од Владата која, како што рекоа учесниците, ја доставила срамната преговарачка рамка до Собранието.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Во возило на кочаначенец најдени 1800 парчиња брендирана облека – шверцувал маички, дуксери, тренерки

Дејан Дејан

Почина македонскиот фолклорист Иван Котев

Дејан Дејан

Безбeден град и во Охрид, камерите снимаат но засега нема да се казнува

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе