Кошарка Спорт

Кошаркарите од август ќе почнат со квалификациите за ЕП 2025

По елиминацијата во квалификациите за Светското првенство што ќе се одржи следната година, репрезентацијата на Македонија следниот месец ја почнува битката за настап на континенталното првенство кое е на програмата во 2025-тата.

Во оваа фаза покрај Македонија ќе настапат уште селекциите на Бугарија, Хрватска, Полска, Португалија и Словачка како елиминирани од светските квалификации, Австрија, Данска, Романија, Швајцарија и Норвешка како најуспешни во првата претквалификациска фаза и Кипар како ко-домаќин на Европското првенство во 2025 година.

Овие 12 репрезентации ќе бидат поделени во три групи, а пласман во квалификациите за Евробаскетот 2025 обезбедуваат Кипар како ко-домаќин и трите победници на групите (ако Кипар биде прв, натаму оди второпласираниот). Претквалификациите ќе се играат во три ФИБА „прозорци“, односно во август и ноември 2022 и февруари 2023 година.

Освен тоа, осумте репрезентации кои нема да обезбедат пласман во квалификациите, одат во нова рунда доигрувања каде ќе им се приклучат елиминираните од првата фаза: Косово, Ирска, Луксембург и Албанија.

Тие претквалификации ќе се играат во август 2023 година, а пласман во главната фаза од квалификациите ќе обезбедат најдобрите четири репрезентации.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

МЗТ го испушти баражот: Ќе има шанса да му се реваншира на Широки во плејофот

Дејан Дејан

Мартин славеше во Португалија, прв подиум за дебитантот Акоста

Дејан Дејан

Хубер со неверојатни скокови дојде до титулата во ски летови на Планица

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе