Спорт Фудбал

Седлоски: Го почитуваме противникот, одиме на победа

Првакот Шкупи ќе биде првата екипа од Македонија која оваа сезона ќе настапи во квалификациските рунди во натпреварувањата во организација на УЕФА.

Чаирчани на стартот од квалификациите во Лигата на шампионите за противник го имаат првакот на Гибралтар, Линколн.

“Сакам да кажам дека сме максимално подготвени. Месец дена се подготвуваме, и пред а и откако го дознавме противникот. Мислам дека сме подготвени за предизвикот. Не потценуваме никого, максимално сме сконцентрирано. Против било кој противник ние ќе ја играме нашата игра. Линколн е незгоден противник, и би бил задоволен нормално со победа, било каква. Доста се агресивни, доста трчаат, доста добро знаат да се бранат. Ќе играме онака како што играме во текот на целата сезона, напаѓачки. Ќе повторам, ние мора да покажеме карактер и капацитет, и конечно на терен да покажеме зошто сме шампиони на Македонија”, изјави шефот на стручниот штаб на Шкупи, Гоце Седлоски.

Натпреварот се игра утре на арената Тодор Проески, а почетокот е закажан за 20 часот и 45 минути.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ѓоковиќ со поддршка за Ѓорческа: Македонија испишува историја на Вимблдон

Sportska Redakcija

Ѓорческа против ланската финалистка Анисимова во првото коло на Вимблдон

Sasko Dimovski

Историја за македонскиот тенис: Лина Ѓорческа ќе игра на Вимблдон

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе