Ракомет Спорт

Ракометарките поразени од Турција на почетокот од МИ

Подмладената македонска женска ракометна репрезентација во првото коло на турнирот на Медитеранските игри во Оран е совладана од Турција со 34:27.

Нашата селекција беше рамноправен противник во поголемиот дел од првото полувреме. До 19-тата минута се играше гол за гол, а во овој период на моменти имавме и предност од еден погодок.

Во завршните десетина минути од првиот дел Турција направи серија од 3:0 која бргу успеавме да ја анулираме и повторно да го израмниме резултатот, но во финишот Турчинките повторно направија предност од три погодоци и на одмор заминаа со водство од 19:16.

На почетокот од вториот дел Турција стигна и до предност од шест гола која ја одржуваше до 50-тата минута кога стигнаа и до водство од 30:21, а до крајот на натпреварот нашите ракометарки само успее да ја намалат предност на противничките за конечни 34:27.

Најефикасна во репрезентацијата на Македонија со шест гола беше Јована Кипријановска, пет пати прецизна беше Ивана Џатевска, а по четири погодоци постигнаа Борјана Коцева и Теодора Дуковска.

Во второто коло утре нашите ракометарки се среќаваат со селекцијата на Србија.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Вардар повторно подобар од Алкалоид, остана во трката титулата

Дејан Дејан

Одбојкарите во Струмица ги стартуваа подготовките за Златната лига и евроквалификациите

Desk

Лунин останува во Реал Мадрид до 2028 година

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе