48 евра за мегават час е цената која што ЕСМ ќе ја понуди на тендерот на ЕВН ХОУМ за снабдување со струја. Од ЕСМ соопштија дека тие ќе ја покријат комплетната побарувачка на ЕВН Хоум и повторно ќе испорачаат 100 отсто од нивните потреби.
Оттаму додаваат дека планот за производство за оваа година е зголемен за 20 отсто споредено со лани додека конзумот на ЕВН Хоум е зголемен за 27% , поради префрлањето на потрошувачи од слободниот на регулираниот пазар
Дополнителните потреби на ЕВН Хоме и на ЕВН Електродистрибуција ќе ги задоволиме со дополнителна набавка на јаглен за зголемување на производството од термоелектраните Битола и Осломеј, како и обезбедување доволни количини мазут за работа на ТЕЦ Неготино, велат од ЕСМ.
Која ќе биде цената за домаќинствата ќе пресече регулаторната комисија која денеска имаше подготвителна седница а идната недела ќе ја соопшти својата конечна одлука.
