Вести Македонија Топ вести

МВР соопшти како двегодишното дете паднало од тераса на 4-ти кат

Во врска со несреќата со двегодишно дете, скопската полиција го потврди случајот и соопшти дека е извршен увид и се расчистува случајот.

Детето хоспитализирано по пад од тераса е примено на Клиниката синоќа, на одделот за интензивна нега и се наоѓа во стабилна состојба, ни одговорија од Клиниката за детска хирургија.

-На 22.06.2022 во 00.47 часот во СВР Скопје било пријавено дека двегодишно дете паднало од четврти кат од зградата во која живеее. Според пријавеното, додека родителите биле во станот, детето излегло на оградената тераса и се качило на стол, по што паднало. На детето му била укажана лекарска помош на детската клиника во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и биле констатирани тешки телесни повреди. Увид бил извршен и се работи на расчистување на случајот, соопштија од МВР.

Двегодишно дете паднало од 4-ти кат во Скопје

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ахмети, ги обвини СДМ и ВМРО-ДПМНЕ за прегласувањето во седумте избирачки места

Дејан Дејан

Финансиските пазари пред нови предизвици, ќе дојде ли времето на евтин пристап до финансии?

Дејан Дејан

Мицотакис бара апсолутно почитување на Договорот од Преспа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе