Вести Економија

Дизелот поскапува за половина денар, бензините поевтинуваат

Со денешната одлука на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) цената на бензините ќе се намали за 1,5 денари, а цената на дизелот ќе се зголеми за 0,5 денари, информира претседателот на РКЕ Марко Бислимоски.

Новите цени на нафтените деривати, како што кажа, се должат на фактот што во текот на изминатата недела за речиси два денари се зголеми курсот на доларот и достигна над 59 денари за еден долар.

Курсот на доларот прави притисок, бидејќи се зголеми од 57 на 59 денари. Со последната методологија РКЕ гои презема податоците од Медитеранската берза,како што тоа го прават и Србија, Црна Гора, Словенија, Хрватска , Италија и Грција, за  секој дериват посебно. Тоа што се случува на светски берзи за брент суровата нафта ние не го земаме во пресметките. Како земја која нема рафинерија ги земаме готовите производи, посебно за дизелот, посебно за бензините, посебно за екстра лесното масло и посебно за мазутот, појасни Бислимоски во одговор на прашање на денешната прес-конференција.

Согласно новите цени што ќе важат од полноќ, ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе чини 110 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 112, а ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 110 денари за литар.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Кармина Бурана“ е почеток на долга соработка – рекоа од македонската, софиската филхармонија и грчкиот оркестар пред вечерашниот настап

Дејан Дејан

Парада на гордоста во Скопје: Протест против молкот и лажното прифаќање

Дејан Дејан

СДСМ: Чекањето на границите со ЕУ е огледало на политиката на Мицкоски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе