Економија

КАМ го отвори најголемиот логистички центар со сопствена контрола на квалитет на производите

На вкупна површина од 60.000м2, КАМ го претстави најголемиот логистички центар досега во Македонија, изграден по најсовремени стандарди. Објектот се наоѓа на само неколку километри од центарoт на Скопје, а се протега на простор од 16.000м2 и располага со капацитет од 6.800 палети за суви продукти, како и 2.500 палети за замрзнати производи, овошје, зеленчук и свежо месо.

Оваа инвестиција вредна 12.000.000 евра овозможува брзина и ефикасност во работењето кои, придонесуваат за огромна заштеда во цената на производите која се пренесува на крајните потрошувачи.

Логистичкиот центар поседува сопствен оддел за Контрола на квалитетот кој врши дневни редовни контроли на артиклите на самиот влез со што гарантира свежина и квалитет на сите производи.
Процесот на прием и чување на производите на посебни температурни режими, во соодветни комори како на пр. овошјето, зеленчукот, месото, чоколадите, млечните и длабоко замрзнатите производи подлежи на строги контроли.

Редовното снабдување на сите КАМ маркети ширум земјата на дневно ниво КАМ го реализира и контролира самостојно. Современата опрема и модерните електро-виљушкари кои се користат, не само што овозможуваат максимална ефикасност, туку со нив значително се минимизира и физичката работа во целиот објект.

Логистичкиот центар нуди современи услови за работа, адекватен надомест и пријатна атмосфера за повеќе од 150 вработени.

Со начинот на работа, логистичкиот центар КАМ активно придонесува за заштита на животната средина. Месечно тука се рециклираат 100 тони отпад, а целосно оптимизираниот процес на дистрибуција заштедува 5 милиони километри пат месечно, што директно заштедува и 900 тони емисија на CO2 во атмосферата.

Со својот нов логистички центар, КАМ ги донесе европските стандарди на работење во малопродажбата на прехранбени производи во Македонија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

УТРИНСКА ТЕМА – Како до побезбедно и подоверливо онлајн купување – Виктор Стојкоски

Дејан Дејан

Лебот засега не поскапува, но цените ќе зависат од случувањата во Украина и на Блискиот Исток

Дејан Дејан

Трошоци растат, во април потребни над 1200 евра за да се истурка месецот, во сумата влегува и трошокот за изнајмување стан

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе