Вести Економија Најважни

И покрај ограничените маржи, основните производи не поевтинуваат

Владините мерки не ги намалија цените на основните производи. И покрај ограничената маржа денеска тие чинат исто како и претходните денови. Кај некои пак има минимално намалување од еден, до два денари. И граѓаните го потврдуваат тоа. Велат ништо не е поевтинето, но и да се намалат нема да се почувствува затоа што производите се значително поскапени.

Министерот  Бектеши пак смирува, вели дистрибутерите и производителите сѐ уште прават калкулации и веќе од утре очекува цените на основните производи во макретите да бидат пониски.

Денеска сите производители и дистрибутери мора да формираат нови цени и да им ги дадат на маркетите и согласно тие ќе бидат намалени  цените, ако другите трошоци останат исти, а најверојатно ќе останат, и добро е што на берзите има промени и цените одат надолу, вели Бектеши.

Владата вчера донесе одлука да ги ограничи маржите на основните производи на 5 и 10 отсто, и во трговијата на мало и на големо. Се кратат и дел од оперативните трошоци. Ова е втор пак како државата носи мерки за превенција од поскапување. Претходните беа слични и важеа до 31 мај,  но откако се укинаа, производите  значително поскапеа, некои и за над 70 отсто.

Стопанството пак и натаму смета дека треба да се активираат стоковите резерви. Експертите пак предлагаат, мерките кои се носат да бидат на долг рок, а не да се укинуваат и менуваат на краток период.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Кармина Бурана“ е почеток на долга соработка – рекоа од македонската, софиската филхармонија и грчкиот оркестар пред вечерашниот настап

Дејан Дејан

Парада на гордоста во Скопје: Протест против молкот и лажното прифаќање

Дејан Дејан

СДСМ: Чекањето на границите со ЕУ е огледало на политиката на Мицкоски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе