Грција ја продолжи до 31 декември 2022 година намалената стапка на данокот на додадена вредност (ДДВ) од 13 отсто за кафе, безалкохолни пијалоци, ресторани, превоз на патници, билети за кино, зоолошки градини и спортски настани, пренесува „Катимерини“.
Одлуката за продолжување на мерката е ставена во нов предлог-закон на Министерството за финансии, доставен на јавна расправа.
Пониската стапка ќе важи и за танцовите школи и спортски сали.
Намалената стапка на ДДВ, која првпат беше воведена на 30 јуни 2020 година поради пандемијата на коронавирус и оттогаш беше неколкупати продолжена, требаше да истече на крајот на јуни.
Стандардната стапка на ДДВ за овие производи и услуги е 24 проценти.
