Вести Економија Најважни

Ограничување на маржите на 5 и 10% – Државата враќа дел од старите мерки за превенција од нови ценовни шокови

Старо нови мерки за превенција од  ценовни шокови. Владата повторно ги ограничи маржите за трговците.  Од утре , па се до крајот  на септември, лебот, шеќерот, маслото , брашното, макароните, оризот, кравјото млеко, јајцата, ќе се продаваат  со маржи од 5 и 10 отсто.  До крајот на  оваа година на производителите и трговците им се кратат и сите  дополнителни трошоци.  Бектеши уверува дека со овие мерки цените на проивзодите би се намалиле во просек од 5 до 7 денари.

Бектеши не прецизраше дали државата би се откажала од одредени  давачки во време кога цените неконтролирано  одат нагоре. Но рече дека за еветуално дополнување на мерките ќе се лека ребаласнот на буџетото со кој се предвидени  нешто над 70 милиони евра – пари за подорбување на ликвидноста на компаниите но и за стандардто на граѓаните.

Одлуките за новите мерки  доаѓаат откако претходните  на крајот на мај се укинаа, а цените на производите, особено на основните значително се зголемија. Некој дури и за над 70 отсто. Претходно и стопанственциите апелираа,  итно да се активираат стоковите резерви за да се стопира поскапувањето, иако не знаат зошто државата до сега тоа не го направила.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Кармина Бурана“ е почеток на долга соработка – рекоа од македонската, софиската филхармонија и грчкиот оркестар пред вечерашниот настап

Дејан Дејан

Парада на гордоста во Скопје: Протест против молкот и лажното прифаќање

Дејан Дејан

СДСМ: Чекањето на границите со ЕУ е огледало на политиката на Мицкоски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе