Вести Економија Свет

Египет добил 63.000 тони пченица од Франција

Египет добил 63.000 тони пченица од Франција, објави Ал Ахрам. За пристигнувањето на товарот информираше управата на пристаништето Сафага, кое се наоѓа на педесетина километри јужно од одморалиштето Хургада на Црвеното Море.

Северноафриканската земја, најголемиот увозник на жито во светот, е тешко погодена од руската војна во Украина. Околу 80 отсто од увезената пченица минатата година беше купена од двете страни во конфликтот. Египет увезува меѓу 12 и 13 милиони тони годишно.

Се очекува новата локална реколта да достигне шест милиони тони, што е за 2,5 милиони тони повеќе од приносот во 2021 година. Моментално достапните залихи на пченица ќе ја задоволат потрошувачката до јануари 2023 година, најави претходно министерот за снабдување и домашна трговија Али Али Меселхи.

Кон крајот на мај, Каиро побара заем од 500 милиони американски долари од Светската банка за купување пченица преку Програмата за поддршка за итна безбедност и отпорност на храна.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пронајден возачот што удри девојче и избега од местото на несреќата

Дејан Дејан

Клучни преговори во Швајцарија: САД и Иран повторно на маса

Дејан Дејан

Крвава ноќ во Запорожје: Петмина загинати во жестоки напади

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе