Вести Македонија

Бучковски во Топ Тема – Ако Петков побара поддршка за тргање на ветото кон Македонија, мислам дека ќе има поддршка и од дел од пратениците од ГЕРБ и ДПС

Очигледно е дека додека не биде гласањето за ребалансот на буџетот на Бугарија, нема да биде јасно дали премиерот Кирил Петков има поддршка во парламентот за водење на владата, изјави во вечерашната поранешниот специјален претставник на македонската влада за Бугарија, Владо Бучковски.

„Војната во Украина и руската агресија ги искристализира разликите меѓу четирите политички партии во бугарската влада. Продолжуваме со промените е проамериканска, прозападна партија. Демократска Бугарија исто така.Една од партиите која е најпопуларна кај Софијанците, кај интелектуалците, во последните неколку недели предупредуваа на сериозно влијание на про-руските сили и во самата влада.“ – изјави Бучковски.

Бучковски смета дека најнепосакувано сценарио за Македонија е во Бугарија да се одржат нови избори, иако очекува владата на Петков да остане и да ги преживее актуелните турбуленции.

„За жал неколку потези кои ги правеше Петков во последниот месец дена, оставааат и кај мене резерви, дали тој е подготвен за таков решителен чекор. Според моја проценка ако тој реши ова прашање да биде во Парламентот, ќе ја добие поддршката и на дел од пратениците и од ГЕРБ и од ДПС, но тоа се други калкулации кои ќе ги прават и тие во следната недела. Мислам дека ќе го има мнозинството, но нема многу време и до Самитот на ЕУ. Времето и нему не му е сојузник а и кај нас како веќе да има замор од ова исчекување“ – изјави Бучковски во однос на можноста да се отстрани бугарското вето за македонските евроинтеграции.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

ДКСК повторно одлучи дека академијата „Павел Шатев“ ги крши законите со тестирање на кандидати во изборен процес

Дејан Дејан

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 19.04.2024

Дејан Дејан

Претседателски избори 2024 – Изборна хроника 19.04.2024.

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе