Вести Македонија Спорт Топ вести Фудбал

Министерот за правда Тупанчески, обвинителката Фатиме Фетаи и судијата Лазар Нанев од прв ред во Палермо ја бодреа македонската репрезентација

Стотици Македонци отпатуваа во Палермо да ја бодрат македонската репрезентација во дуелот со Италија.

Меѓу нив во прв ред камерите ги забележаа министерот за правда Никола Тупанчески, обвинителката Фатиме Фетаи како и претседателот на Основен суд – Кавадарци д-р Лазар Нанев.

По победата на македонската репрезентација, честитки упатија голем број политичари меѓу кои и претседателот на државата Стево Пендаровски и премиерот Димитар Ковачевски.

Ковачевски кој е на вонреден самит на НАТО во Брисел, натпреварот го следеше заедно со министерот за надворешни работи Бујар Османи и со вицепремиерот Бојан Маричиќ.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Волстрит џурнал“: САД размислуваат за преместување на базите од Персискиот Залив, опција е Израел, сакаат да бидат надвор од дострел на иранските проектили

Sasko Dimovski

Во возило на кочаначенец најдени 1800 парчиња брендирана облека – шверцувал маички, дуксери, тренерки

Дејан Дејан

Почина македонскиот фолклорист Иван Котев

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе