Африканската свинска чума потврдена кај четири диви свињи во атарот на делчевското село Драмче. Опасност за домашните нема, бидејќи во радиус од три киометри уништени се 264 , а во радиус на 10 километри од жариштето економски искористени се 424 домашни свињи. Од Агенцијата за храна и ветринарство информираат дека од почетокот на месецов укинати се зоните, но надзорите продолжуваат и на ловиштата.
- Ловните друштва треба еднаш неделно да вршат пребарување на ловиштата за пронаоѓање на угинати диви свињи, а од секоја угината дива свиња која ќе биде пронајдена задолжително треба да се прати мостра за испитување. За лабораториско испитување треба да се испрати и мостра од секоја застрелана дива свиња, а месото ќе може да се консумира само откако ќе се добие негативен резултат“ велат од Агенцијата за храна и ветеринарство.
Во фармите каде што имаше депопулација нема да може да се одгледуваат свињи ако не станува збор за одгледувалишта од среден и низок ризик, рокот за подигнување на биосигурносните мерки во пограничните региони со Србија и Бугарија е 1-ви Април. Обештетувањето од страна на државата се уште не е пристигнато на сметките на одгледувачи на свињи од Агенцијата за храна и ветеринарство велат дека се разгледуваат барањата и ќе бидат исплатени во најкраток можен рок. Сточните пазари остануваат затворени за свињите, а ќе се анализираат и мостри од секоја угината свиња во фармите.
Викторија Јованова
