Вести Економија

Вучиќ: Има доволно храна, Србија ќе извезува прво во земјите од Отворен Балкан

Претседателот на Србија Александар Вучиќ денеска изјави дека државата има доволно основни земјоделски и прехранбени производи за потребите на населението, а извозот прво ќе биде за земјите од Отворен Балкан.

Ќе разговараме со сите. Ќе дадеме онолку колку што е договорено и колку што сметаме дека можеме да дадеме, без да ги загрозиме потребите на домашното население. Прво земјите во рамките на иницијативата Отворен Балкан, а потоа Босна и Херцеговина и Црна Гора, како први соседи, изјави Вучиќ на новинарите.

Тој кажа дека ситуацијата околу трговијата со храна во светот станува се покомплицирана, нагласувајќи дека веќе е очигледно дека ќе има голем недостиг на храна, без разлика на растот на цените на берзите.

Тоа не се компликации за нашата земја и за нашите потреби. Нашите граѓани ќе имаат доволно. Имаме значително повеќе од нашите потреби и мора тоа во регионот да го распределиме, изјави Вучиќ.

Претседателот на Србија додаде дека од Србија се бараат големи количества брашно и масло, и дека ги разбера сите кои сакаат домаќински да се однесуваат кон своето население и да обезбедат доволно залихи на храна.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Привремен прекин на системот „МојДДВ“ поради техничка надградба

Дејан Дејан

Во земјоделското училиште во Битола се запишале три деца – Јаневска вели наставниците не биле доволно ажурни и не успеале да привлечат ученици

Дејан Дејан

СДСМ: Мицкоски по „козметичката“ реконструкција на владата ќе најави предвремени избори оти нема пари во буџетот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе