Вести Економија

Грковска: Потребен ни е систем за јавни набавки и стандардизација за да нема злоупотреби

Нас ни треба систем за јавни набавки и некој треба да го направи тој систем, вели вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска. Според неа треба да се утврдат стандарди кои што ќе бидат исти и кои што ќе се почитуваат.

Не постои закон, не постои правилник со кој ќе пропишете норми и ќе речете „готово е, нема повеќе да има злоупотреби“. Да немаме илузии, ние тоа не можеме да го сведеме на нула никако. Меѓутоа како да го сведеме на некој минимум? Јас лично сметам дека можќеме да го направиме со стандардизација. Заради тоа што во сите институции има список на продукти кои што сите ги набавуваат, од средства за лична хигиена па понатака. Тоа е лесно да се стандардизира, и во то случај нема да се случи истиот предмет во една јавна институција да чини 20 денари а во друга 200 денари, вели Грковска.

Покрај тоа, според неа, има проблем кај луѓето што ја пишуваат техничката спецификација, или тендерите, затоа што најголем дел од нив не се консултираат со Бирото за јавни набавки. Има што се консултираат претходно со Биерото за јавни набавки, како да го направат тоа, и ако ги следат неговите насоки понатаму нема да имаат проблем, но повеќето не го прават тоа.

Треба да се обрати особено внимание на зајакнување на капацитетите и способностите на оние кои што ги прават техничките спецификации. Кога ќе видите огромна техничка спецификација, која што е напишана и до најситни детали, првата реакција на сите е „ова уште потписот на фирмата да се каже.“ Заради тоа што од областа за која што е јавната набавка горе долу сите знаат со какви продукти располага и за кого е предметот, вели Грковска.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео) Мицкоски нема преку медиуми да разговара со Таравари за можна коалиција

Дејан Дејан

Мицкоски ги информирал партнерите на НАТО за дипломатската нота објавена од Бугарија

Дејан Дејан

(видео)Oдделот за имунологија на Детската клиника нема да функционира – пациентите ќе се препраќаат на други оддели

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе