Вести Економија Свет

Цената на зејтинот во Косово е вештачки напумпана, тврди премиерот Курти

Косовскиот премиер Албин Курти, по денешното поскапување на цената на сончогледовото масло во дел од маркетите во државата на дури 3,50 евра за литар, изјави дека Косово има најскап зејтин во светот, но дека тој пораст на цените не е резултат на реалната состојба на пазарот.

По посетата на фабриката за обработка на маслото во Гњилане, Курти изјави дека за таквото поскапување нема причини и дека тоа е резултат на желбата на дел од трговците да профитираат од светската криза предивикана од руската агресија врз Украина.

Се работи за вештачко надувување на цената на штета на граѓаните. Нема никаква причина, ниту потреба за такво поскапување. Моментно цената на маслото во Република Косово е највисока во светот, но овие поскапувања се направени од факторот човек а не од објективната состојба на теренот. Овие надуени цени мора да се издуваат, рече Курти.

Тој апелира до граѓаните да не креваат паника, затоа што, како што информира, само во гњиланската фабрика има околу 300 илјади литри масло, кое, откако ќе се обработи, според потрошувачката во Косово, е доволно за најмалку еден месец.

Во меѓувреме, во текот на овој месец, ќе се заложиме како влада, со пријателските држави, со нашите сојузници, да најдеме извори на сировина на необработено масло, со цел, по обработката кај нас, да нема недостиг на пазарот, изјави Курти.

Тој додаде дека инспекторите вршат документирање на можните прекршувања на законите за заштита на потрошувачите и ќе се преземат соодветни мерки, не само против злоупотребите, туку и за спречување на натамошните прекршувања.

Цената на сончогледовото масло во текот на вчерашниот ден во Косово се покачи од околу 1,60 на 2,30 евра, а само 24 часа подоцна во голем број продавници се продаваше со цена од 3,49 евра.

Од денеска основните производи со помала маржа

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Прифатени седум од 105 поднесени амандмани за Предлог на законот за судска служба

Sasko Dimovski

Вишиот управен суд со пресуда поништи одлука за концесијата за Иловица

Sasko Dimovski

До каде се ветените средства за споменикот на 63-те загинати – прашање на родителите од Здружението „16 март“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе