Вести Македонија

Се продаваат скривници на интернет

Состојбата со скривниците стана актуелна деновиве по Руската инвазија во Украина,  каде најголемиот дел од граѓаните се засолнуваат, а во нашата држава истите се продаваат на огласи на интернет. За три евра по квадрат, сопственикот на оваа скривница од Битола вели дека веднаш ја продал. При огласувањата на недвижностите на интернет, покрај основните карактеристики, со големи букви се нагласува дека имотот има „СКРИВНИЦА“.

Засолништата низ Македонија во најголем дел се запуштени, обраснати со дрвја и полни со смет. Во случај на вонредна состојба, луѓето нема да можат да ги користат.

До пред 17 години, со нив стопанисуваше Министерството за одбрана, а во 2005 година Владата им ги додели на Дирекцијата за заштита и спасување на трајно користење. Оттаму информираат дека на целата територија на државата има околу 100 скривници, од кои само дел се функционални.

Организирани акции за чистење на скривниците нема со децении, најголемиот дел од нив се празни, а како што инфомираа од Општина Битола за Телма, моментално во градот нема ниту една подготвена скривница во случај на вонредна состојба.

Од Дирекцијата за заштита и спасување информираат дека откако ги добиле скривниците на трајно користење реновирале три во Општина Аеродром, две во Општина Гази Баба и три во Велес.

 Мартин Николовски

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе