Вести Економија Топ вести

Дизелот повторно поскапува, за прв пат поскап од бензините

Од полноќ нови цени на дизелот додека бензинот ќе се продава по денешните цени, соопшти предмалку Реулаторната комисија за енергетика. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 не  се менуваат, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 3,00 денари/литар. Тоа значи дека ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе се продава како и денеска за 93,00  (денари/литар), ЕУРОСУПЕР БС – 98  –  95,00 (денари/литар. Дизел горивото се зголемува за 3 денари и новата цена е 97,00 (денари/литар) што значи дека дизелот за прв пат има повисока малопродажна цена од бензините.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 2,50 денари/литар… На Мазутот за 1,404 денар/килограм и сега ќе изнесува 60,569 ден/кг.

Одлуката, објаснија од Регулаторна се должи на тоа што продолжува трендот на раст на цените на нафтените деривати на светските берзи и во исто време курсот на доларот во однос на денарот е зголемен за 0,49%. Во споредба со претходната пресметка се бележи зголемување кај следните кај дизелот за 3,616%, кај екстра лесното масло за 2,984% и кај мазутот зголемување за 2,265%. Просечното зголемување на цената, споредено со вчерашната одлука е во просек за 1,67 %.

Бура од реакции за антикризните мерки –  трговците реагираат на намалената мaржа за горива

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Термоцентралите на Западен Балкан загадуваат 6,6 пати над дозволените граници – извештај на мрежата „Бенквоч нетворк“

Sasko Dimovski

Прифатени седум од 105 поднесени амандмани за Предлог на законот за судска служба

Sasko Dimovski

Вишиот управен суд со пресуда поништи одлука за концесијата за Иловица

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе