Вести Економија Најважни

Бислимовски во Топ Тема: Вечерва на полноќ ќе ја објавиме новата цена на горивата

Регулаторната комисија за енергетика изработи измени на постоечката методологија со која во услови на драматичен пораз или намалување на цените на нафтените деривати на берзите имаме можност да носиме одлука секој ден, односно доколку цената би се зголемила или намалила за повеќе од 2 денара , во тој случај РКЕ може да носи одлука и по моето гостување тука, ќе одржиме седница на која ќе ги разгледаме анализите кои што се направени и ќе ја информираме јавноста, изјави во вечерашното гостување на Топ Тема, директорот на регулаторната комисија, Марко Бислимовски.

Тој појасни дека новата цена на горивата ќе стапи на сила од полноќ а се базира на методологија која се прави врз основа на котации на берзата во рок од 5 дена.

Тој не сакаше да шпекулира, но подвлече дека во минатите денови се случува пораст на цената на горивата на светските берзи, особено на дизелот.

Имавме незапамтено зголемување, некаде од 100 долари на ден, што во историјата од кога постојат берзите, такви драматични порасти не постоеле. – изјави бислимовски во Топ Тема.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Термоцентралите на Западен Балкан загадуваат 6,6 пати над дозволените граници – извештај на мрежата „Бенквоч нетворк“

Sasko Dimovski

Прифатени седум од 105 поднесени амандмани за Предлог на законот за судска служба

Sasko Dimovski

Вишиот управен суд со пресуда поништи одлука за концесијата за Иловица

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе