Вести Економија Македонија Топ вести

Вицегувернерката Митреска за Топ Тема: Курсот на денарот е стабилен, девизните резерви високи

„Курсот на денарот е стабилен, девизните резерви се на исклучително солидно ниво и имаме капацитет и простор да ја одржуваме стабилноста на девизниот курс“, посочи вицегувернерката на Народната банка, Ана Митреска во вчерашното гостување во емисијата „Топ тема“.

„Денарот е стабилен. Јас само би напоменала дека со оглед на режимот на девизен курс што го имаме, она што е за нас клучно е девизниот пазар и девизните резерви. Досега сите промени кај девизните резерви, во целост се конзистентни со нашите очекувања. Нивото е високо, некаде околу 3,4 милијарди евра, и да нагласам дека ова ниво е повисоко и во однос на нивото коешто го имавме на самиот почеток на пандемијата. Всушност, по сите параметри на резервите што ги следиме, тие се адекватни и се, де факто, огледало на нашиот капацитет да ја одржуваме стабилноста на курсот“, посочи вицегувернерката Митреска.

Таа истакна и дека во извештајот за нашата економија Меѓународниот монетарен фонд, јасно и експлицитно кажува дека курсот е целосно конзистентен, не само со економските параметри, туку и со политиките коишто ги водиме и оттаму нема апсолутно никаква потреба од промена на нивото на курсот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ДКСК да го истражи скандалот со Јанушев и поврзаноста со бугарска фирма, бара СДСМ

Дејан Дејан

На 89-годишна возраст почина писателот Јован Павловски

Дејан Дејан

Проблемот на професионалните возачи во Шенген зоната влезе во завршната декларација на Парламентарно собрание на земји од Југоисточна Европа 

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе