Вести Економија Топ вести

Законот за минимална плата чека на одобрение од законодавно – правната комисија

Во Собранието денеска седница треба да одржи Законодавно-правната комисија на чиј дневен ред, по скратена постапка, е Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за минимална плата.

Претходната недела новиот минималец беше на дневен ред и на Комисијата за труд и социјална политика.

Откако ќе помине и на Законодавно-правната комисија, предлог-законот треба да се врати на пленарна седницаза конечно усвојување.

Потребата за носење на законот, пак, беше изгласана пред десет дена со 101 глас „за“ од пратениците и ниту еден „против“.

Со предлог-законот минималната плата ќе се зголеми од 15 200 на 18 000 денари, а ќе почне да важи со мартовската плата. Исто така, се менува и методологијата за пресметување на минималецот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Домаќинства без струја, затворени училишта, смртни случаи – Европа под топлотна купола, нов температурен бран во најава

Sasko Dimovski

Една шестина од населението во ЕУ се самци – извештај на Евростат

Sasko Dimovski

Доверба му изгласаа 58 пратеници, за смена се изјаснија 19 – Тошковски ја „преживеа“ и третата интерпелација во собранието

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе