win-win Вести

Тупанчевски за Вин-Вин на Телма: Треба да се детектираат и отстранат аномалиите во правосудниот систем

Министерот за правда, Никола Тупанчевски најави поместувања во правосудниот систем.

Треба да се детектираат и да се отстранат аномалиите, потенцираше тој во вечерашната „Вин-Вин“ на Телма, но се воздржа од коментар за случајот со екс-претседателот на кривичен, Владимир Панчевски, кој денеска излезе од затвор.

Тупанчевски смета дека постои потреба од детектирање на состојбите и брзо да се реагира за отстранување на одредени аномалии коишто се составен дел од правосудниот систем.

– Дефинитивно никогаш повеќе не треба да се повикуваме дека криво е правосудството. Ќе треба еднаш засекогаш да застанеме и дадеме име и презиме, идентификација, да се персонализираат и состојбите, меѓутоа и лицата кои придонесуваат за таквото негативно стојалиште или негативен став кон овие состојби, изјави Тупанчевски.

Вели дека капацитетот на Министерството за правда во моментот е насочен кон тоа да направи колку што е можно повеќе за да се создадат оптимални услови за некои состојби да не се повторуваат.

– Факт е дека треба да се менуваат работите. Стојам на тоа дека тоа не може да се направи преку ноќ или некои состојби што траеле со декади наназад би можеле да се решат за месец и еден ден, колку што сум на позицијата. Верувам дека ќе имам малку повеќе можности, разбирање и соработка со сите останати инститиуции чија што задача е да стигнеме до она што се нарекува правда, изјави Тупанчевски во интервјуто за Вин-вин на Телма.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Полицијата влезе во кампусот на „УКЛА“: Пропалестинските демонстранти остануваат и покрај наредбите да си заминат

Дејан Дејан

Полицијата застрела вооружен средношколец во Висконсин

Дејан Дејан

ЈСП за велигденските празници ќе сообраќа по неделен возен ред

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе