Вести Економија Топ тема

Почна изградбата на 400-ни киловолтниот далновод во Битола

Бизнисменот и поранешен советник од ДУИ во општина Охрид, Нефи Усеини, за кого имаше обвинение за насилство, но, познат и по својата дивоградба кај Чинарот, денеска застана рамо до рамо со владините претставници и останатите гости кои присуствуваа на почетокот на изградба на новиот далновод во Битола.

Со камионот за малтер на фирмата „НЕФИ ИК“ сопственост на Усеини, се удри камен темелникот, а премиерот Ковачевски го стисна копчето од каде потече бетон. Фирмата на Усеини е подизведувач на сараевската компанија „Енергоинвест“ која ќе го гради 400 киловолтниот далновод од Битола до македонско-албанската граница, со кој ќе се поврзат електро-преносните системи на Македонија и Албанија, а е клучна алка во транзитот на електричната енергија од Бугарија, преку Македонија, низ Албанија, до Италија.

Новата интерконективна 400 киловолтна врска е еден од најзначајните проекти на нашата компанија, бидејќи со неа ќе го заокружиме поврзувањето со сите наши соседи, изјави Орхан Муретзани, директор на МЕПСО.

Инвестицијата е 17 милиони евра, а покрај од Европската инвестициска банка, проектот е поддржан од ЕУ со грант од 12 милиони евра.

ЕУ го поддржува овој важен енергетски проект, особено сега кога сме соочени со најголемата енергетска криза, и сѐ уште закрепнуваме од влијанието на пандемијата. Овие времиња се добар потсетник дека мораме да продолжиме да инвестираме во енергетската модернизација и на тој начин да се доближиме до приоритетите поставени во нашата зелена агенда, изјави Џулијан Васало, заменик шеф на делегацијата на ЕУ.

Премиерот Ковачевски потенцираше со реализација на овој проект се јакне преносната мреже и се испраќа порака до инвеститорите за поволен амбиент во нашата земја.

Емилија Мисирлиевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

Јакимовски: Нема да се повлечам од изборната трка, ќе поднесам кривична против н.н. сторител, ова е акт на насилство

Дејан Дејан

Пленковиќ: Постапките на Милановиќ и СДП се мини државен удар

Дејан Дејан

Топ тема (18.03.2024): Неопходност од регулатива за проверка на инвестиции со корозивен капитал

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе