Вести Економија Топ вести

Министерството за економија ќе покрива дел од сметките за струја на седум илјади домаќинства

Седум илјади домаќинства со најниски примања ќе добијат помош од министерството за економија кое ќе им покрие дел од сметките за струја. Во зависност од категоријата министерството ќе покрие 600 или 800 денари. Корисниците на оваа мерка нема да добиваат пари во кеш туку помошта ќе се одбива од нивната сметка а економија директно ќе ги уплаќа парите на ЕВН.

Досега во министерството се пристигнати 6.500 барања а министерот Крешник Бектеши е убеден дека квотата ќе биде исполнета. За оваа мерка се предвидени 60 милиони денари како помош. Пет комисии во министерството ќе ги изготват листите на лицата кои ќе ја добијат помошта до крајот на овој месец.

Во новиот Буџет предвидени се средства како финансиска помош во висина од илјада денари за 36 илјади домаќинства  и 9.500 пензионери за покривање на сметките струја и парно .

Владата на ЕСМ досега му префли 120 милиони евра од Буџетот за справување со енергетската криза како и кризата со парно снабдевањето со парно а со последните одобрени 47 милиони евра вкупната сума со која ќе располага државната компанија е речиси 170 милиони евра. Од ЕСМ пак инофрмираат дека досега од Буџетот на нивната сметка се легнати 86 милиони евра.

Со овие пари ЕСМ купува струја од слободниот пазар, набавува јаглен, раководи со БЕГ и ги покрива загубите на МЕПСО но и дупката која настана откако ЕВН побара а Владата дозволи грејс период од шест месеци за фактурите за декември и јануари за набавка на струја тешки околу 35 милиони евра

Министерот Бектешки денеска повторно ја исклучи можноста и на граѓаните да им биде даден грејс период за плаќање на сметките кон приватната компанија ЕВН.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЕУ до 2029 година ќе воведе дигитално евро

Sasko Dimovski

Франција втор ден по ред го регистрира најжешкиот ден во историјата

Igor Trajkov

Трпеноски: Ситуацијата во Македонија е како трчање на лента, можете да истрчате 10-15 километри, aма трчате во место

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе