Економија

Славевски: Минималната плата не се покачи доволно, затоа што разликата ќе ја покрива државата

Поранешниот минситер за финансии и сегашен претседател на Советот на Град Скопје, професорот Трајко Славевски, тврди дека зголемувањето на минималната плата можеше да биде направено многу поелегантно без закани за протести и тензии во општеството. Во гостувањето на Топ Тема на Телма Славевски ги обвини СДСМ и владата за лошата состојба на синдикалното органзиирање во Македонија.

Тоа е така затоа што кај нас синдикати во приватниот сектор речиси и да не постојат. Има еден податок дека само околу 5 проценти од вработените во приватниот сектор членуваат во синдикати. Доколку има синдикати кои што со месеци се среќаваат со работодавачите нема да доаѓаме до ултиматуми, закани и слично. Знаете, кога некој е слаб покажува сила онаму каде што не треба. Се искористи моментот на преод, на оставка на еден премиер во влада и слично. Можеше да биде тоа многу подобро направено. Зошто нема синдикати во приватнито сектор, зошто се слаби? Ќе кажат некои се плашат работниците. А зошто е тоа така? Зошто се плашат кога пет години имаме социјалдемократска влада. СДСМ ја сноси вината што е таква сосотојбата со синдикалното органзиирање во приватниот сектор и доаѓаме до вакви тензии во општеството, вели Славевски.

Професорот Славевски тврди дека минималната палта не се згоелми до 18.000 денари, туку за значително помалку затоа што остатокот ќе го покрива државата.

Ќе видиме во практика дека ќе има проблеми за администрирање. И тука можеше многу поелегантно да се направи. Можеше да се зголеми за одреден износ на платата она лично ослободување кое што не се оданочува. Понатаму, ние ако имаме како општество вработени кои паѓаат под линијата на сиромаштија, да ги признаме како такви и со мерки на социјална политика да ги потпомагаме а не вака да правиме ‘ршум на пазарот на трудот, тврди Славевски.

Демантираше дека неговата матична партија се оградила од неговите ставови за покачувањето на минималната плата, и тврди дека само го кажал својот став дека треба да се промени формулата за пресметување на мининалната плата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Осигурителните компании не ги вратија старите пониски цени на полисите, на потег е Владата

Дејан Дејан

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

Дејан Дејан

Просечната каматна стапка на новоодобрените кредити за домаќинствата во март 5,4 проценти

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе