Спорт Фудбал

Палмеирас и Ал Ахли за финале на клупското СП

На Светскиот клупски фудбалски шампионат што се одржува во Абу Даби ќе биде познат првиот финалист.

По само една година, првакот на Јужна Америка, Палмеирас и шампионот на Азија, Ал Ахли повторно се среќаваат во полуфиналето. Пред 12 месеци, составот од Египет успеаа да слави и тоа по подобро изведување на пенали, но ја загуби битката во финалето.

Ал Ахли во однос на претходниот меч ќе биде засилен со петмина репрезентативци на Египет кои се враќаат во тимот по настапот на Африканскиот куп, но жал на навивачите на мечот со Палмеирас нема да биде во комбинација голманот Мохамед Ел Шенави кој е повреден. Денешниот дуел е вкупно трето соочување на тимови од Бразил и Египет.

Пред минатогодишниот меч Ал Ахли во 2006-тата беше поразен од Коринтијанс. Палмеирас никогаш во својата историја не бил дел од големото финале,

Бразилците веруваат дека во вториот последователен настап на Мундијалот конечно ќе стигнат до решавачкиот меч за титулата и да го повторат успехот на големите ривали Коринтијанс и Сао Паоло.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ѓорческа на една победа од историски пласман на Вимблдон

Sportska Redakcija

Историска вечер за Модриќ – 200 натпревари во дресот на Хрватска

Sportska Redakcija

Со двата гола против Австрија, Меси ја одведе Аргентина во нокаут фазата и стана прв стрелец во историјата на СП

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе