На денешната седница на економско социјалниот совет биле разгледувани 3 различни предлози за износот на минималната плата и тоа на организацијата на работодавачите, на бизнис конфедерацијата на синдикатите и предлогот на владата.
Според постоечкиот закон, минималната плата изнесува 15 715 денари, според Организацијата на работодавачите 16 303 денари , според бизнис-конфедерацијата 16 303 денари додека остатокот до 18 000 ќе треба да го субвенционира владата. Синдикатот инсистира на 18 000 минимална плата а со алтернативниот предлог на владата сумата изнесува 17 104 денари.
