Ал Џазира со убедливи 4-1 славеше против Пирае во рамки на првиот натпревар на Светското клупско првенство.
Домаќинот на турнирот немаше проблеми против тимот од Тахити и стигна до четвртфиналето. Зајед ал Амери уште во 5.минута погоди за водство на составот од Абу Даби. На 2-0 зголеми Ахмед ал Хашми, а Милош Косановиќ погоди за 3-0 во 41.минута.
На стартот на второто полувреме Ал Џазира си постигна автогол преку Рабо Мохамед, а точка на натпреварот стави Абдулај Диаби во 63.минута.
Во следната фаза Ал Џазира ќе игра против шампионот на Азија, Ал Хилал од Саудиска Арабија на 6.февруари. Победникот од овој дуел во полуфиналето ќе се сретне со европскиот првак Челси на 9февруари.
На втората пресметка од оваа фаза, афиканскиот шампион Ал Ахли на 5.февруари игра против првакот од Централа и Северна Америка, Монтереј од Мексико. Подобриот од овој дуел ќе се сретне со јужноамериканскиот првак Палмеираш во полуфиналето на 8.февруари.
Големото финале е закажано за 12.февруари на стадионот „Мохамед бин Зајед“.
