Минималната плата треба да расте. Ова е единственото за што се согласиле владата, работодавачите и синдикатот на тричасовната седница на Економско-социјалниот совет.Нема договор таа да се зголеми веднаш на 18.000 денари колку што бараат синдикатите. Од кога и колкаво зголемување предлагаат-денеска не открија ниту работодавачите ниту Владата. Синдикалците пак излегоа лути на работодавачите оти купувале време со нивниот предлог за нова методологија. А премсетките покажале дека со неа минималната плата треба да биде за речиси 2.000 денари пониска од тоа што тие бараат – или да изнесува 16.242 денари. Мислеа дека ја убедиле Владата дека е на нивна страна – но за кратко.
Аргументите беа на наша страна го убедивме третиот социјалне партнер Владата која ни даде силна поддршка дека минималната плата навистина треба да биде 60 проценти од просечната плата или во моментов 18.000 денари. Но ќе мора да ги прашате ОРМ и другите работодавачи зошто во 5 до 12 дадоа измислено решение само да купат време до петок, изјави претседателот на ССМ Дарко Димовски.
Вицепремиерот Битиќи беше забрашан дали владата даде поддршка за зголемување на минималната плата на 18.000 денари.
Немаше такков став. Ние имаме став дека ќе има зголемување на минимална плата. Јас сум кажал и претходно и пак укажувам ако заедничкиот став биде да има зголемување на минимална плата дури и повеќе од 18.000 денари, но тоа е заеднички став на сите чинители во општествоот на сите социјални партнери да тоа ќе го договориме, одговори Битиќи. – Кој е ставот на владата како социјален партнер колкаво треба да биде? –Во тек на преговори не би можел да кажам, рече Битиќи.
Ниту работодавачите не знаат колку би пораснал минималецот со нивниот предлози кои денеска ги ставиле на маса.
Тонско: Владанка Трајковска, претседател на ОРМ
13,00-13,54
Предложивме критериумите по однос на одредување на минималната плата да претрпат измени. Очекуваме и предлог и од Владата дали ќе бидат прифатени нашите идеи, имавме неколку идеи истите дали ќе бидат прифатени или не. Синдикатот имаше нивни идеи. Очекуваме компромис меѓу сите три чинители, изјави Владанка Трајковска, претседателката на ОРМ. –Направивте сигурно пресметки и анализи , за колку треба да се покачќи минималната плата? –Немаме конкретна бројка. Очекувајте дека во петок ќе излеземе. Мора да го консултираме нашето членство, рече таа.
Нова средба е закажана за петок. Синдикалците пак во петок ќе носат и одлука кога ќе почнат со генерален штрајк, ако и по таа средба нема договор. Надеж гледаат и во пратениците кои на 10 февруари треба да расправаат за законското решение минималецот да биде 60 проценти од просечната плата или 18.000 денари. И ако синдикатот се надева дека нема пратеник кој тоа не би го поддржал, пораката од владата е дека работниците ќе го добијат она што со консензус ќе го договорат трите страни.
Александра Филиповска
