Спорт Фудбал

Пандев: Џенова секогаш ќе биде во моето срце

Македонската фудбалска легенда Горан Пандев денеска го одработи првиот тренинг во новиот клуб Парма откако вчера неочекувано си замина од Џенова во последните моменти од зимскиот преоден рок. Нашиот интернационалец имаше емотивно збогување од џеновјаните преку социјалните мрежи.

Пандев по 6,5 години ја напушти Џенова, која сезонава е многу близу до испаѓање од Серија А. Македонецот преку „Инстаграм“ се збогуваше од клубот и посака уште еднаш да се врати на стадионот „Мараси“ за вистински да се поздрави со навивачите.

„Тешко е да се остават овие бои. Почувствува дека е време за заминување, никој не ми порача да си одам. Во овие години само пасијата ме турка напред, свеста дека сте дел од еден проект. Не можеш да се залажуваш себеси, но ти Џенова секогаш ќе бидеш во моето срце, мој град, мои бои, мој плоштад. Би сакал да се вратам и да ве поздравам сите како што треба на ’Мараси’, да ја слушнам публиката уште еднаш. Ви благодарам за емоциите кои ми ги дававте. Џенова засекогаш“, напиша струмичанецот.

Пандев со своите 38 години е во залезот на својата кариера, а полусезоната во Парма веројатно ќе биде и негова последна како активен фудбалер. Освен првите фудбалски чекори кои ги направи во Беласица, целата своја кариера ја мина во Италија играјќи за Интер, Лацио, Наполи, Специја и Анкона, а една сезона беше дел од Галатасарај.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ѓорческа на една победа од историски пласман на Вимблдон

Sportska Redakcija

Историска вечер за Модриќ – 200 натпревари во дресот на Хрватска

Sportska Redakcija

Со двата гола против Австрија, Меси ја одведе Аргентина во нокаут фазата и стана прв стрелец во историјата на СП

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе