Кошарка Спорт

Филаделфија убедлива против ЛА Лејкерс

Во НБА лигата одиграни се само два натпревари. Филаделфија го декласираше Лос Анџелес Лејкерс додека Голден Стејт беше поуспешен од Минесота.

Филаделфија триумфираше над Лос Анџелес Лејкерс со 105:87 и ја забележа третата победа во низа. Џоел Ембид мечот го заврши со 26 поени и девет скока, Тобајас Херис имаше учинок од 23 поени и четири асистенции додека Тајрис Макси впиша 14 поени и 10 додавања.

Во поразениот тим во отсуство на ЛеБрон Џејмс, Ентони Дејвис имаше 31 поен и 12 освоени топки под обрачите, а Расел Вестбрук беше стрелец на 20 поени.

Голден Стејт ја совлада Минесота со 124:115 и ја продолжи триумфалната серија. Стефон Кари забележа 29 поени и осум скока, Клеј Томпсон постигна 23 поени, а Ендрју Вигинс додаде 19 поени и пет освоени топки.

На спротивната страна Карл Ентони Таунс имаше 31 поен и 12 скока додека Ентони Едвардс постигна 27 поени.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ѓорческа на една победа од историски пласман на Вимблдон

Sportska Redakcija

Историска вечер за Модриќ – 200 натпревари во дресот на Хрватска

Sportska Redakcija

Со двата гола против Австрија, Меси ја одведе Аргентина во нокаут фазата и стана прв стрелец во историјата на СП

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе