Ракомет Спорт

Данска против Шпанија, Франција со Шведска за финале на ЕП

Денеска ќе бидат познати репрезентациите кои ќе се борат за златото на Европското првенство во ракомет.Програмата на самата завршница во Будимпешта се отвора со дуелот за петтата позиција.

Во првото полуфинале ќе се соочат бранителот на трофејот од пред две години Шпанија и селекцијата која на последните два Мундијали се искачи на највисокото место на подиумот, Данска.

На последните две големи натпреварувања Данците беа поуспешни од Шпанците во полуфиналните дуели. Победи на Светското првенство во Египет и Олимписките игри во Токио. За двете селекции ова ќе биде вкупно 25то соочување, а Данска има извонреден скор со вкупно 16 победи и само седум порази. На континенталните првенства денешните противници одиграле девет дуели во кои исто така доминира Данска со седум триумфи.

Двете репрезентации имаат огромно искуство на дуели во самата завршница. За Шпанија ова е 11-ти настап во полуфиналето додека Данците по десетти пат се борат за влез во големото фиднале. Дополнителен мотив за триумф на Данска е фактот што мечот со Шпанија е 100-ти јубилеен на Европските првенства.

Во второто полуфинале играат двете најтрофејни репрезентации во историјата на ракометот. Франција и Шведска заедно имаат вкупно 21 медал на големите натпреварувања. Франција е рекордер по бројот на титулите на Мундијалите, а Швеѓаните со четири злата се најуспешни на континентот.

За двете селекции ова ќе биде 23-ти меѓусебен меч, а во минатото и двата тима имаат по 11 победи. Што се однесува до Европските првенства ова е шесто соочување, а Шведска води со 3:2. Во последното полуфинале на Светското првенство во Египет, славеше Шведска и на крајот се закити со среброто. Интересен е и податокот дека Швеѓаните го играат осмото полуфинале и до сега имаат само еден пораз.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Обрадовиќ потпиша нов договор со Партизан

Desk

Маркез ја освои 93-тата пол-позиција во кариерата, Мартин најбрз на спринтот во Шпанија

Desk

Ливерпул ќе плати 11 милиони евра обештетување за новиот тренер

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе