Вести Македонија Топ вести

1,4 милиони евра ќе потрошат скопските општини и Град Скопје за чистење на снегот

Осум милиони евра е вредноста на договорите кои државните институции ги склучиле со приватни фирми за механизација, работници, сол и ризла за одржување на улиците и патиштата во зимски услови за сезоната 2021-2022 година.

Според извештајот на Центарот за граѓански комуникации, како и претходните години, така и оваа, најмногу пари за оваа намена ќе потроши Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта – 5,2 милиони евра што е 65 % од вредноста на вкупните договори.

Градот Скопје и уште девет други скопски општини сезонава за зимско чистење на улиците и за сол заедно ќе потрошат околу 1,4 милиони евра.

Од другите општини, најмногу пари за зимско одржување планираат да потрошат Прилеп, Куманово и Струга. Прилеп – 195 илјади евра, Куманово 146 илјади евра и Струга 98 илјади евра.

Конкуренцијата на тендерите е исклучително ниска, просечно по 1,7 понуди по тендер, а повеќе од половина од тендерите биле само со една понуда.

Фирмате Димакс рудници од Демир Хисар со 7 милиони евра за две години или по 3,5 милиони евра на годишно ниво е на врвот, според вредноста на договорите.

За пет тендери сѐ уште не се објавени склучените договори, ниту нивните износи.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Хегсет: Не е можно враќање на границите кои Украина ги имаше до 2014 година

Дејан Дејан

Воз излетал од шините: Железничката линија Скопје-Солун нема да функционира

Дејан Дејан

Трамп и Путин разговарале по телефон: Преговорите за мир во Украина започнаа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе