Ракомет Спорт

Исланд за полуфинале, Хрватите за чест

На Европското првенство во ракомет денеска се играат натпреварите од третото коло во првата група од главната рунда.

Од 15 часот и 30 минути репрезентацијата на Исланд ќе се соочи со се уште актуелниот вицепрвак Хрватска. Исланѓаните и покрај фактот што ќе настапат без четири играчи од стартната постава, а ќе недостасуваат уште неколку клучни играчи ќе атакува на нова победа со која ќе направат решавачки чекор кон пласман во полуфиналето.

Во составот ќе ги нема Арон Палмарсон, Бјоргвин Густафсон, Бјарки Елисон, Елвар Јохансон, Гисли Кристијансон, Олафир Гудмундсон, Јанус Смарасон и Арон Арнасон, но овој тим игра во одлична форма што го покажа на дуелот со Франција во кој забележа убедлива победа.

На спротивната страна и Хрватите се ослабени и играат без неколку ракометари сепак не успеаа да забележат ниту еден триумф во вториот круг и во последниве 20 години по втор пат нема да бидат меѓу четирите најдобри. Составот предводен од селекторот Хрвое Хорват денеска ќе игра за чест и за прва победа во овој дел од натпреварувањето.

Од 18 часот Данска ќе се соочи со Холандија, која исто така има огромни проблеми со недостаток на играчи кои се позитивни и се сместени во изолација. Данците со победа ќе го потврдат пласманот во полуфиналето.

Во вечерниот термин Франција ќе се соочи со Црна Гора. Триколорите со евентуална победа исто така остануваат во трката за влез меѓу четирите најдобри.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Градското дерби без победник, по гол и бод за Работнички и Македонија ЃП

Дејан Дејан

МЗТ загуби од Спартак: На реваншот во Суботица ќе бара изненадување за место во финалето

Desk

Обрадовиќ потпиша нов договор со Партизан

Desk

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе