Македонија

Димитров: Ние направивме отстапка без да обезбедиме нешто од Бугарија

Поранешниот министер за надворешни работи и вицепремиер за европски прашања, Никола Димитров, рече дека испраќањето на нотата до ООН е отстапка која ја ослабува нашата преговарачка позиција во спорот со Бугарија. Димитров рече дека особено му пречи начинот на кој тоа беше претставено во јавноста.

Бугарија од самиот почеток бара да ја испратиме нотата до ОOН. Јас можам да зборувам и за суштината, меѓутоа во смисла на тактиката ќе кажам дека од петте точки, една точка беше краткото и долгото име. Таа точка сега не постои. Ние не само што направивме чекор и отстапка, туку тоа и го имплементиравме, нотата е дадена и веќе не може „пу-пу не важи“ од утре. Значи ние имаме помалку елементи на масата за разговори. Бугарското барање беше да испратиме нота, ние сме се согласиле и сме ја испратиле. За возврат немаме обезбедено ништо. Не ме ни чуди, иако не го прочитав тоа, слушнав дека премиерот Петков тоа го прогласил како негов голем успех, дека ние сме направиле отстапка, рече Димитров.

Димитров вели дека со Преспанскиот договор се комплетирала личната карта на државата во ООН, односно дека краткото име на државата е Северна Македонија, долгото Република Северна Македонија, со јазик кој се вика Македонски јазик, со државјанство кое се нарекува „македонско/ граѓани на Северна Македонија“. Димитров рече дека по затварањето на личната карта во ООН, ниту една држава во светот немала право да приговори за ниту еден од атрибутите, но Бугарија го направила тоа.

Бугарија како реакција на нашата нота, испрати сопствена до ООН каде во три четвртини од текстот го предизвикува Македонскиот јазик, а една четвртина вели долгото име е во ред, но краткото може да имплицира територијални претензии. Нашиот исчекор може да има логика каде ние добиваме тоа што ни е најважно. Македонскиот јазик во преговарачката рамка да биде еднакво третиран, преговарачки процес што ќе зависи од тоа дали се бориме против корупција и клиентелизам и дали се усогласуваме со сите европски сфери на живеење, а не од тоа како ќе работи и дали ќе се договори комисијата за историја и другите бугарски барања. Идејата е кога имате неколку елементи, имате адурти во ракав, ние сега направивме еден чекор и тој веќе не постои, вели Димитров.

Според Димитров, безобразно и несериозно е што нашата влада дозволила тоа да се сфати како отстапка од страна на Бугарија.

Ќе беше почесно ако од владата рекле „Сметаме дека нашата тактика претходно беше погрешна, ние сакаме да пробаме вака, ќе направиме една отстапка и ќе покажеме добра вољја“. тоа ќе беше почесен однос кон граѓаните. ама тоа да се сврти како бугарија да направила отстапка, е несериозно и безобразно, рече димитров.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Врховен во четврток со втора јавна седница по жалбата на Александар Ѓорчевски, татко на убиената Вања

Дејан Дејан

ДИК: Мирен изборен ден, гласаа 94 отсто од болните и изнемоштени лица, до 17 часот и над 50 отсто од пријавените во дијаспората

Дејан Дејан

Гласајте, со негласање не правите ништо – Агелер со порака до граѓаните

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе